Национална Асоцијација на Туроператори и Туристички Агенции
Види повеќеЗдружението на угостителството и туризмот и Националната Асоцијација за туроператори и туристички агенции при Стопанската комора на Северна Македонија, добитници на признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година.
Наградите ги примија претседателката на Здружението Ана Таневска Ѓорѓиевска и претседателот на НАТТА Асим Меџедовиќ
Чешко-македонската комора, предводена од г-ѓа Љиљана Јовановски Асенов, се здружи со Агенцијата за странски инвестиции во Република Македонија на посебен настан. Овој настан, кој се одржа од 21-ви до 22-ри септември 2023 година, имаше за цел зближување на луѓето „ Invest North Macedonia - Access Common Regional Market “.
Луѓе од Чешка и од Северна Македонија, вклучително и клучни фигури како г-дин Асим Меџедовиќ од NATTA (Националната асоцијација на тур-оператори и туристички агенции), се собраа за оваа значајна пригода. Активната вклученост на г-дин Меџедовиќ ја истакна важноста на овој настан и позитивното влијание што може да го има.
По одлука на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, се одржа конститутивна седница за формирање на Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување.
На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за членови на Управен одбор во состав од 5 члена (Асим Меџедовиќ, туристичка агенција “Фибула“ претседател, д-р. Кристијан Џамбазовски од туристичка агенција “Бохемија” и хотел “Амбасадор“, потпретседател на НАТТА, Александар Кузманоски, туристичка агенција “Симониум травел“, Тихомир Пиневски „Пине Холидејс“,Ана Таневска Ѓорѓиевска, „Македонијатурист“ АД Скопје), со мандат од 4 години. Претседателот на Управниот одбор ќе управува со активностите на Управниот одбор и ќе ја претставува Асоцијацијата пред државните институции, советодавните и стручните совети, другите национални и меѓународни организации.